ОТВОРЕН ПОВИК: ПРЕД-АКЦЕЛЕРАТОРСКА ПРОГРАМА ЗА МЕДИЦИНСКИ ИНОВАЦИИ МЕДИННОВА

Дали сте иноватори во медицина? Дали имате нова идеја, технолошка иновација во ран развој која би можела да ја револуционизира здравствената заштита? Ова е програма за Вас!

Придружете се на пред-акцелераторска програма за медицински иновации Мединнова и однесете ја вашата идеја или ран развој на следното ниво. Програмата е дизајнирана за иноватори во рана фаза, студенти на медицина, доктори, професори, лидери во индустријата и сите кои имаат идеја да најдат решени за многутте предизвици со кои се соочува човековото здравје.

Што нуди програмата:
– 7 модули водени од ментори од индустријата (онлајн и офлајн предавање)
– Инспиративни сесии
– Менторство и работилници водени од експерти
– Пристап до лабораторија, центар за симулации, тестирање на прототип, поддршка за софтверски развој и друго
– Вмрежување со инвеститори и лидери во медицината
– Можност да ги претставите вашите идеи на Демо Ден (настан во живо)
– Студиско патување во Базел, Швајцарија, за најдобрата рангирана идеја/стартап. Патувањето е органзиирано во склоп на глобалната недела на претприемништо и организирани средби со релеванти партнери во индустријата
– Индивидулани средби со инвеститори за најдобрите 3 рангирани во тек на 6 месеци и правна поддршка

Кој треба да аплицира:
– Медицински професионалци
– Претприемачи со идеи фокусирани на здравствената заштита
– Иноватори во областа на вештачката интелигенција, биотехнологијата, фармацевтските производи или здравствената технологија
– Може да се аплицира индивидуално или во тим

Клучни датуми:
– Краен рок за аплицирање: 7 октомври
– Почеток на програмата: 9 октомври
– Крај на програмата и Демо Ден: 15 ноември

Не пропуштајте ја вашата шанса да бидете дел од програмата и станете дел од мрежата на иноватори во медицина. Котизацијата за учество во програмата ќе изнесува 3000 денари.

Програмата ја води Центарот за медицински иновации МЕДИННОВА кој работи со лекари, медицински студенти, професори, експерти и инженери кои имаат посветеност и страст кон развој на иновации во медицина. Партнер на програмата e Swiss Entrepreneurship Program (Swiss EP).

За да аплицирате следете го овој линк https://forms.gle/NsSpfyEGWAftjeqU9

*Програмата ќе се води на англиски јазик

Share the Post: